|
|
|
Д-Р БЛАГОЈА ДАМЕСКИ
ИЗДРЖЛИВОСТА Е ЕДЕН ОД КЛУЧЕВИТЕ ЗА УСПЕХ
●
Дали во
светот треба да се внесе нова неправда над македонската историја? Треба ли да му
дадеме право на неправото, да озакониме историска неправда кон нас? Колку се
нашите скромни можности и сили да не озакониме една историска неправда?
Македонците низ текот на милениумите ја потврдиле својата виталност и издржливост во борбата за преживување. Колку била тешка и трагична судбината на поробените Македонци може да се потврди и со сведочењето на Апостол Павле на кого на сон му се јавува Македонец со зборовите: “дојди да ни помогнеш“.
Со кој идентитет Македонија ќе влезе во таа ЕУ кога антиката, дел од територијата и името, ни го присвои Грција, дел од територијата, средновековната и понова историја – Бугарија, МПЦ е оспорена од српската, а Илирите се олицетворат во современа Илирида.
Оваа Македонија е земја на оние кои знаат да ја сакаат, без разлика дали се исплашени, гладни или обесправени.
Денес веќе кон нас се поставуваат конкретни ирационални барања и условувања.
Трудејќи се да го прифатиме новото, треба ли нешто да проголтаме во име на македонските настојувања за европска интеграција? Дали во светот треба да се внесе нова неправда над македонската историја? Треба ли да му дадеме право на неправото, да озакониме историска неправда кон нас? Колку се нашите скромни можности и сили да не озакониме една историска неправда? Со кое право еден грст луѓе што сме останале, да одлучуваме во името на многуте жртви за тоа име низ милениумите? Дали сме доволно компетентни да внесеме нова поделба и измениме нешто исконско поради еден мал балкански силеџија?
Ќе треба ли да се доуништи и чувството за одбрана на автокефалноста на историски мачно спечалената културна идентификација со мислата за Македонија за која сонувале, страдале и гинеле цели генерации, секогаш бранејќи го своето, никогаш не посегајќи по туѓото.
Никој не може да ни го смени името, ако тоа сами не го направиме. Како може некој друг да ми кеже дека лично сум нешто друго од она што се чувствувам. Како е можно на цел еден народ да му е забрането да се вика така како што се чувствува.
Македонската држава не е формирана на туѓи етнички територии, нејзината историја е кристално јасна, а македонскиот народ не е мислечки инвалид.
Кај нас потребни се луѓе подготвени да издржат секаков притисок и да поднесат секаков ризик. Издржливоста е еден од клучевите за успех.
Името што го носиме во нашите срца е неменливо со никаков закон. Компромис, особено едностран, не е компромис, туку еднострана отстапка. Каква отстапка нуди другата страна? Какви се намерите на другата страна? Намерите се важна работа. Не случајно народниот гениј рекол: “и патот до пеколот е поплочен со добри намери“.